Mercedes започна со продажба на AMG A 35 и GLE
Германскиот гигант Mercedes започна со продажба на моделите AMG A 35 4MATIC и GLE
Новиот AMG A 35 4MATIC е „најскромниот“ Mercedes AMG со почетна цена од 47.528 евра.
AMG A 35 4MATIC доаѓа со 2.0-литарски 4-цилиндерски турбополнач со 306 КС и 400 Nm, поврзан со 7-степен SPEEDSHIFT DCT 7G пренос со двојна спојка. Со овој агрегат, AMG A 35 4MATIC со погон на сите тркала до 100 km/h забрзува за 4,7 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.
Mercedes за првите 18 месеци од продажбата, подготвил и ограничено издание Edition 1 со прогресивни дизајнерски елементи за ентериерот и екстериерот според желбите на купувачите, а почетната цена е 55.364 евра.
Двете верзии на AMG A 35 4MATIC ќе бидат достапни во продажните салони веќе во декември.
Во меѓувреме, SUV фановите можат да почнат со нарачка на новиот Mercedes GLE, чија почетна цена изнесува 65.807 евра.
GLE доаѓа со неколку опции на моторот, меѓу другите во варијанти со дизел мотор од 245 и бензински мотор од 367 КС. Дизелот е означен како GLE 300d 4MATIC, а овој 4-цилиндерски агрегат развива 500 Nm вртежен момент.
Од друга страна, бензинецот е GLE 450 4MATIC со 6-цилиндри со исто така 500 Nm и дополнителни 250 Nm и 22 КС преку EQ Boost во краток временски период.
Овој бензинец веќе во стартот е поскап за околу 7.000 евра од претходно споменатиот дизел.