Mercedes-Benz развива нова технологија за безбедност која ќе спречи судир на автомобили

Технологијата концентрирана во новиот концепт ESF (експериментално безбедносно возило), благодарение на вештачката интелигенција, постојано ќе ја подобрува асистенцијата во возење.

Директорот за развој во Mercedes, Ола Калениус, кој од мај ќе биде генерален менаџер на Daimler, истакнува дека автономното возење и софистицираните системи софистициран за асистеницуха ќе го намалат бројот на сообраќајни несреќи, бидејќи најчестата причина за истите е човечка грешка.

Калениус додава дека дел од новата ESF технологија е скоро подготвена за производство и наскоро ќе се најде во новите автомобили.

Возилото ќе собира податоци од возењето и ќе ги споделува со централен сервер за да учи подобро да го контролира системот за асистенција при возење. Концептот ќе вклучува и технологија за подобра заштита на патниците, па и ако дојде до несреќа, ќе се избегнат сериозни повреди.

Последниот Mercedes ESF концепт дебитираше во 2009 година при што користи за тогаш новиот S40 хибрид како почетна точка со бројна безбедносна технологија. При несреќа се шири метална конструкција, со цел да се овозможи дополнителна заштита, а при страничен удар седиштата се поместуваа кон централниот дел од возилото за да се зголеми просторот.

Loading...