Ванот на Mercedes добил нови агрегати и малку поинаков изглед

Визуелните промени се суптилни, а најголемата се рефлектира во форма на предниот браник. Покрај тоа, Mercedes додал четири бои по избор, како и четири типа на фелни.

Поочигледните промени се во внатрешноста. Во зависност од изборот на купувачот, V-класата може да има седишта поставени за да создаваат Lounge атмосфера или да бидат поставени типично за патување.

Новина во моторната гама е доаѓањето на дизел агрегатот OM654. Станува збор за турбо дизел погонска единица кој доаѓа од Е-класата. Овој мотор нуди подобри перформанси, поголема оперативна угладеност во работата и помалку штетни емисии. На возалот на располагање му се достапни 143 kW и 400 Nm во основната понуда или 176 kw и 500 Nm во помоќната верзија. И двете верзии се поврзани со автоматски менувач со 9-степени на пренос.

Рестилизираната Mercedes V-класа официјално ќе дебитира на Салонот за автомобили во Женева во почетокот на март.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1vkdBB2tKXp4Zk1eDscpFIJ-NbRQnPUCL” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]