Новиот SUV модел на Mercedes, кој досега имавме можност да го видиме само во концептно издание, на пазарот треба да пристигне до крајот на оваа година

Моделот GLB ќе се произведува во фабриката во Мексико, заедничко вложување со Алијансата Renault-Nissan. На истата локација ќе се составува и седан A-класата, што е сосема логично, бидејќи овие два модели имаат многу заеднички делови. Се разбира, ова нема да биде единствената фабрика каде што ќе се произведува GLB, бидејќи овој автомобил ќе се склопува и во Кина.

Mercedes не прецизира на кои пазари прво ќе се појави GLB. Претпоставката е дека автомобилот прво ќе пристигне во Кина, потоа во САД, а во Европа нешто подоцна, најверојатно пред крајот на годината.

Германската марка го направи GLB за да го пополни сегашниот јаз помеѓу GLA и GLC. За разлика од овие кросовери, GLB е попосветен на потрошувачите кои сакаат поспособно теренско возило. Затоа е јасно влијанието на G-класата.

Концептниот модел e опремен со 2.0-литарски турбо бензинец со 224 КС. Палетата на агрегати за серискиот модел е сеуште непозната, но се очекува да биде агрегатна трансплантација од А-класат, а се верува дека ќе има и plug-in хибрид.