Пред да започнат да се вртат разноразни приказни за тој дел од возилото, Mercedes објасни сè

Mercedes-Benz го претстави својот електричен предводник во гамата, моделот EQS, кој треба да влезе во битка со конкуренција од типот на Porsche Taycan до Tesla Model S. Гужвата во сегментот на електрични лимузини расте, а покрај ентериерот полн со екрани, Mercedes ветува и автономија од повеќе од 750 километри. 

Сепак еден детал од новиот EQS предизвика голем интерес, а тоа е капакот покрај левиот преден калник. И пред да започнат да се вртат разноразни приказни за тој дел од возилото, Mercedes објасни сè.

Станува збор за капак преку кој се стигнува до местото за дополнување на течност за миење на шофершајбната. 

Интересно зарем не?