Кинескиот Huawei најави дека ќе инвестира дури милијарда долари во развој на електрични автомобили и системи за автономно возење

За таа цел компанијата ги здружива силите со кинескиот концерн BAIC, како и со некои други домашни компании.

Возилата ќе ја носат ознаката Huawei, а ќе осигурат синергиски ефект со друг технолошки гигант, Xiaomi, кој најави дека ќе инвестира 10 милијарди долари во овие технологии во следните десет години.

Првиот човек на Huawei, Ерикс Ксу, ја истакнува силата на кинеската автомобилска индустрија, која веќе произведува околу 30 милиони автомобили годишно. Тој вели дека и кинескиот пазар им е доволен, особено ако би заработувале околу 10.000 јуани по автомобил, или околу 1.300 евра, пренесува Yahoo Finance.

И не само тоа, Ксу е убеден дека Huawei веќе денес е пред Tesla во однос на технологиите за автономно возење.

“Не знам дали мојот тим се фали, но тие ми велат дека можеме да имаме автомобили што возат 1.000 километри сами без човечка помош. Тоа е многу подобро од Tesla”, вели Ксу за Shenzhen Monday.