Станува збор за автомобил кој првично беше претставен во јануари годинава на овогодинешното CES издание, но за првото видео моравме да почекаме до сега

Како што велат во Mercedes, целта на овој концептен автомобил е функционално поврзување на човекот и машината. За време на создавањето на ова возило, Германците биле инспирирани од филмот Аватар, па оттука и името AVTR. Сепак, од производителот од Штутгарт наведуваат дека ова е визија за транспорт „во далечна иднина“.

Револуционизираниот AVTR всушност е електрично возило кое користи батерии базирани на графен, во кој нема метали кои не можат да се рециклираат, а патничкиот простор е футуристички во вистинска смисла на зборот. Дефинитивно, возило од утрешнината или барем она што Mercedes го очекува од иднината. 

Како изгледа возењето во него, како и повеќе детали за самото возило, во видеото во прилог.