Mercedes-AMG C63 S караван ќе биде задолжен за медицинска помош

Следниот викенд започнува новото издание на Formula 1 шампионат со австралиското Гран-при во Мелбурн, a 23-та година по ред, Mercedes-AMG ќе биде задолжен за официјалниот безбедносен (safety car) автомобил.

Долгата традиција е започната во 1996 година со моделот C63 AMG, за сега моќниот GT R да биде подготвен да го заземе своето место на гридот. Се разбира, станува збор за најмоќниот безбедносен автомобил досега.

„Вооружен“ со 4.0-литарски V8 со 585 КС, GT R ја наследува GT S верзијата, која ја одигра својата улога од 2015 до 2017 година. Јасно, зад воланот нема да биде никој друг туку Бернд Мајлендер.

Во споредба со стандардниот модел, безбедносното возило доаѓа со опционален пакет Track Package со керамички сопирачки и систем против превртување. Тука е специјалната завршна обработка, како и кровната светлосна сигнализација, монтирани на довод за воздух, направен од јаглеродни влакна.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”14v4byUr95Qfz4kkM5dpxvwM2IApJZV0i” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Што се однесува до ентериерот, Mercedes-AMG е опремен со посебни GT R iPad единици, од кои левата го прикажува телевизискиот пренос, додека десната ја покажува позицијата на автомобилот на патеката, како и времињата по круг.