Mercedes-AMG GT Black Series е новиот рекордер на Нирбургринг! / ВИДЕО
Суперавтомобилот на Mercedes е новиот најбрз сериски автомобил на „Зелениот пекол“
Времето по круг или подобро „прелетот“ е 6: 43,616. Со овој резултат Mercedes-AMG GT Black Series го симна од тронот Lamborghini Aventador SVJ, чиј рекорд важеше од јули 2018 година.
Зад воланот на новиот рекордер седел возачот од серијата GT3 – Маро Енџел.
„Да се направи вакво нешто со сериски примерок е фантастично достигнување. Црната серија нуди огромна доза на персонализација за возачот, така што ми беше лесно да ја пронајдам идеалната позиција и одличната врска со самото возило“, вели Енџел.
А како изгледал брзиот круг на Mercedes-AMG GT Black Series од перспектива на возачот погледнете и сами во приложеното видео: