
Mercedes-AMG E63 S или Audi RS6 Performance – споредба на два супер каравани / ВИДЕО
Брзите каравански изведби секогаш ќе имаат посебно место во срцата на автомобилските вљубеници, особено оние со голема моќ. На пример, модели како што се Mercedes-AMG E63 S и Audi RS6 Performance
И двата модели поседуваат единствена каросерија и под хаубата кријат 4-литарски твин-турбо V8 агрегати кои моќта ја испраќаат на сите тркала. Ова ги прави не само кул и супер брзи, туку и самоуверено снаоѓање во сите временски услови.
Да, можеби не е во ред да се спореди постар Audi модел со модерен Mercedes, но тимот на YouTube каналот Carfection вели дека ова Audi „сеуште не е за фрлање“.
Ова секако е забележливо особено ако се спореди внатрешноста на салонот на двата автомобили бидејќи Mercedes има модерен дизајн со преубаво вградени екрани кои го опкружуваат скапи и квалитетни материјали, додека RS6 со очигледно е од постара генерација.
Кој во што е подобар погледнете сами!