Mclaren развојот на овогодинешниот болид ќe го комплетира во август
Во британскиот тим утврдиле кога ќе ги пренасочот сите расположиви ресурси на 2022 година
Mclaren во моментов се бори со Ferrari за третото место во шампионатот на конструктори, a секоја екипа оваа година треба да донесе одлука кога да престане да го развива болидот и да се пренасочи на следната сезона, кога на гридот ќе се појават сосема поинакви болиди.
Ferrari веќе објави дека го завршил развојот на болидот, а Mclaren тоа ќе го стори од летната пауза.
Според шефот на тимот Андреас Сеидл, Mclaren ќе продолжи да го развива болидот се до Унгарското ГП.
„По трката на Хунгароринг, нема да имаме повеќе подобрувања и целосно ќе се фокусираме на новиот болид. Ќе имаме нови делови на Големата награда на Австрија, Големата награда на Велика Британија и Големата награда на Унгарија, додека на преостанатите трки нема да имаме ништо ново“, вели Сеидл.
Претходните години Mclaren полека се искачуваше на врвот. Работите започнаа да се подобруваат во 2019 година, а сето тоа кулминираше минатата година кога тимот заврши на третото место во шампионатот на конструктори. Тие ја заземаат таа позиција и во овогодинешниот шампионат, а конструкторската титула се чека уште од далечната 1998 година.