Сиетл во понеделникот живеел на 42 степени, а истиот ден во Портланд било 46 степени

Не само во Македонија се чувствуваме како да живееме во рерна. Во некои делови на светот е уште полошо. Еве неколку примери од Америка: во Сиетл во понеделникот било 42 степени, а истиот ден во Портланд било 46 степени. Секако, тоа е оптеретување за целиот жив свет, но и за неживиот. Имено, многу материјали се „борат“ на овие температури, а од американскиот запад, но и од централниот дел на земјата, доаѓаат вести за пукнатини на патиштата од големата горештина.

Една таква пукнатина е снимен од полицаецот Роки Олифант во близина на Еверсон и покажува пат кој буквално се кренал и пукнал.

Напукнувањето во Дејтон затресло неколку домови, а во Портланд е прекинат трамвајскиот сообраќај и градската железница. Потрошувачката на електрична енергија е толку зголемена што нема доволно енергија за јавниот превоз…