McLaren гради сосема нов симулатор кој ќе биде драстично различен од неговиот претходник, според техничкиот директор Џејмс Ки

По солидната сезона, тимот од Вокинг и понатаму е во процес на целосен ремонт, што вклучува и изградба на нов воздушен тунел за 2021 година.

Додека F1 симулаторот на McLaren порано беше врвен, Ки признава дека развојот на новата верзија е неопходна со оглед на технолошкиот напредок во областа:

„Ние правиме нов симулатор. Тоа е голем чекор од она што го користевме. Овој проект е започнат пред многу време, но технологијата веќе е отидена многу далеку и ажурирањето е еден голем проект во рамките на тимот. Се надевам дека сето ова ќе биде готово следната година“.

Тимот на McLaren за симулаторот го води возачот на Formula Е, Оливер Турви. Тука е и еден возач во Formula 2, Серхио Сетe Камара како и добитникот на глобалното гејминг натпреварување Руди ван Бурен.

На прашањето кои точно подобрувања биле побарани од третата генерација на симулаторот на McLaren, Ки вели:

„Подобра презентација на моделот, побрза обработка. Значи, можете да додадете повеќе димензии. Следењето на болидот е повеќедимензионално. Аеро мапата сега има збир на криви кои сите меѓусебно комуницираат и даваат податоци. Истото е и со гумите и погонските единици, и секако аспектите на суспензијата. Колку повеќе податоци обработувате, толку побрзо можете да ги комбинирате тие ефекти и подобро да го репродуцирате она што го прави автомобилот. Повеќе математика за порепрезентативен модел“, заклучува Ки.