McLaren ќе отпушта работници, вклучително и од F1 одделот
Како последица на пандемијата, компанијата е принудена на ваков радикален потег
Британската компанија планира да им се заблагодари на соработката на околу 1.200 работници кои работат во одделенијата за патничката програма, технологија и Formula 1.Засега, според првите најави, околу 70 вработени кои се дел од тркачките програми ќе ги загубат своите работни места.
Според порталот RaceFans.net, McLaren се решил на овој потег поради загуба на профитот поради пандемијата на коронавирусот, поради што не биле уплатени планираните приходи од разни спонзори. Што се однесува до тркачката програма, сезоната во Formula 1 сè уште не започната, исто како и во Indycar серијата каде McLaren се натпреварува.
Извор: RaceFans.net