Mazda, Toyota и Subaru не се откажуваат од бензинците и дизелите! Најавуваат алтернативи за електричните возила
Одлуката на Toyota, Mazda и Subaru не е изненадувачка бидејќи трите јапонски марки не потпишаа обврска да продаваат само електрични автомобили од 2035 година како што беше предложено за време на климатската конференција COP26
На заедничка прес-конференција, Toyota, Mazda и Subaru, заедно со Kawasaki и Yamaha, објавија дека ќе се стремат да постигнат јаглеродна неутралност не само преку електричните модели.
Двата производители на мотоцикли ја истакнуваат својата посветеност на водородните мотори, додека Mazda ќе развие специјален 1.5 SkyActive-D кој работи на биодизел. Истиот ќе биде поставен на Mazda2 наречена Mazda Spirit Racing Bio концепт кој ќе учествува на трката Super Taikyu во Јокохама.
Toyota и Subaru ќе учествуваат во шампионатот Super Taikyu користејќи синтетички горива добиени од биомаса, а користејќи ги моделите BRZ и GR86. Останува да се види како овие три марки планираат да обезбедат доволно производство на овие горива за некоја идна комерцијална употреба.
Toypta веќе некое време е вклучена во проекти поврзани со водород. Со технологијата на горивни ќелии, јапонската компанија планира вистински мотор со внатрешно согорување на ова гориво, структурно е сличен на бензинските мотори.
Одлуката на Toyota, Mazda и Subaru не е изненадувачка бидејќи трите марки немаат потпишано обврска да продаваат само електрични автомобили од 2035 година како што беше предложено за време на климатската конференција COP26. Договорот не го потпишаа ниту Volkswagen, BMW, Hyundai, Honda…