Mazda го забрзува влегувањето во светот на електрифицирани возила

a

Јапонскиот производител планира серија на премиери до 2021 година, кои треба да и помогнат на компанијата да избегне казни од ЕУ за производители кои ќе ги пробијат емисионите лимити.

„Пред 2021 година, Mazda ќе мора да плаќа казни поради високата пропорција на продажба на SUV модели“, вели шефот на компанијата, Акира Марумото.

Минатата година, една петтина од вкупната продажба на јапонската компанија е остварена во Европа, а од дополнителни финансиски санкции ќе се спаси, преку продажба на електрични возила, plug-in хибриди и лесни светлина, додава Марумото.

Меѓу јапонските автомобилски марки, Mazda е во најголема мера погодена од просечната емисија на CO2, пробивајќи ја поставената цел од страна на Европската унија минатата година, вели Кота Минешима, аналитичар на Morgan Stanley MUFG.

Избегнувањето на казни во Европа е многу важно за Mazda, која се обидува да го анулира падот на добивката предизвикан од слабата глобална побарувачка и поплавите во Јапонија, кои ја пореметија продажбата на локалниот пазар.

Јапонскиот производител и неговите конкуренти се соочуваат со парични казни од 14 милијарди евра, ако не успеат да се усогласат со построгите прописи за животната средина, кој ќе стапи во сила од 2020 година, додека следната година ќе се применува целосно, според анализата на IHS Markit. Од Mazda велат дека издвоиле 10 милијарди јени (околу 78 милиони евра) за парични казни во Европа.

Mazda, како што е познато, не беше особено активна во транзицијата кон електрични модели. Сепак, тешките времиња бараат тешки мерки, а европската еколошка офанзива ќе и помогне на компанијата да се стабилизира на пазарот на автомобили. Компанијата минатиот месец ги објави плановите за ревидирање на својата гама, велејќи дека сите возила ќе добијат електрифицирани погони. За повеќето од нив станува збор за лесни хибриди, во кои електричниот мотор се користи за асистенција на SUS моторот, а не како самостоен погон.

Mazda објави дека ќе лансира освежена, економична верзија на Mazda3, која ќе биде првиот модел на новата генерација на Skyactiv платформата.