За 2020 година францускиот Citroen ја најави новата генерација на C4 Cactus која освен дизајн ќе има и нов погон

Citroen CXperience Concept

Покрај стандардните мотори на фосилни горива, C4 Cactus исто така ќе биде и првиот целосно електричен Citroen. По него, секој нов модел на францускиот производител ќе добие електрична верзија до 2025 година.

Citroen C4 Cactus ќе биде изграден на платформата CMP на PSA Group, на која следната година ќе бидат изградени и новите Opel Corsa и Peugeot 208.

За разлика од актуелната генерација која беше лансирана во 2014 година, новиот C4 Cactus ќе добие и нов дизајнерски потпис врз основа на концептот CXperience од 2016 година.

Актуелниот C4 Cactus

Пред доаѓањето на новиот C4 Cactus, Citroen ќе претстави два електрични концепти веќе следната година. Првиот пристигнува на саемот во Женева следната пролет, а станува збор за мал градски автомобил со прифатлива цена инспириран од моделот 2CV или кај народот познат како Спачек. Другиот концепт ќе биде лансиран во Шангај, за кој засега нема информации.