Ferrari неодамна ја најави новата Icona линија на модели, а Monza SP1 и SP2 имаат чест да бидат првенци во гамата

Двата модели се омаж на легендите од средината на минатиот век – Monza 750 и Monza 850. Според соопштението на Ferrari, конечната цена сигурно ќе изнесува повеќе од три милиони евра за еден примерок, а служба во рамките на компанијата ќе им побара сопственици врз основа на неколку посебни услови.

Овие автомобили се легални за употреба на јавни патишта, иако експлоатацијата е малку потешка надвор од тропските предели, бидејќи моделите немаат ниту ветробранско стакло ниту покрив.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Најголемиот дел од панелот е направен од јаглеродни влакна, а самата платформата потекнува од моделот 812 Superfast. Двата модели ги напојува исклучително моќен V12 мотор. Моторот со работен капацитет од 6,5-литри развива 800 коњски сили и овозможува спринт до „стотка“ за само 2,9 секунди. Максималната брзина е поголема од 300 km/h.

Loading...