Освеженata Mazda CX-3 веќе се продава во САД и Јапонија, а подоцна овој месец конечно ќе пристигне и во продажните салони низ цела Европа

Адутот на Mazda во сегментот во кој што конкуренцијата е многу силна (Peugeot 2008, Renault Captur и други), моделот CX-3 не само што е освежен, туку наскоро ќе се продава и со нов дизел мотор од 1,8 литри. Компанијата вели дека оваа погонска единица ги исполнува најновите WLTP стандарди.

Исто така, од 1 октомври, на европскиот пазар ќе биде достапно и специјално издание на овој модел со ознака Mazda CX-3 Sport Black+. Оваа специјална едиција е ограничена на само 500 единици и се карактеризира со црн спојлер на покривот и капаци на страничните ретровизори во иста боја, црна кожа во внатрешноста и друга опрема за која допрва треба да бидат дадени информации.

Освежената Mazda CX-3 ќе биде пуштени во продажба од 31 август, а ќе биде достапна со три нивоа на опременост: SE Nav+, SE-L Nav+ и Sport Nav+. Базниот модел во Велика Британија се продава по цена од 21.188 евра.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1gRVi1OaUgndJVWoYkjtYjPDSvLS36lYx” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Сите горенаведени верзии се достапни со рачен менувач и погон на предните тркала. Автоматскиот менувач е достапен како опција со SE-L и Sport пакетот на опрема, додека погонот на сите тркала ќе биде резервиран за најскапата верзија на овој модел.

Дополнителни опции вклучуваат различни металик бои, кожни седишта, комплет безбедносни системи (вклучувајќи адаптивни LED светла) и слично.