Maybach или BMW? / ВИДЕО
Во една од најновите трки за забрзување организирани од страна на британскиот Carwow, на црта се BMW и Maybach
Во овој случај станува збор за малку попрестижен дуел. Доволно е само да се погледне големината на погонските единици на овие автомобили и нивната моќност, па потоа се останато
Maybach поседува 5.5-литарски V12 twin-turbo мотор кој може да испорача дури 551 КС и околу 900 Nm максимален вртежен момент, а моќта се пренесува со 5-степен автоматски менувач.
Наспроти овој модел е BMW 760Li кој има 6.0-литарски V12 twin-turbo мотор кој произведува 545 КС и 750 Nm максимален вртежен момент, а моќта се пренесува со 8-степен автоматски менувач.
Вредноста на овој Maybach во 2005 година била околу половина милион фунти, додека денес вреди „само“ околу 80 илјади. Од друга страна BMW 760Li од 2013 година тогаш можел да се купи за околу 120.000 фунти, додека неговата денешна цена е околу 30 илјади.