Изјавата е дел од неодамнешно интервју на Мате Римац за магазинот Autocar

Bugatti влезе во важна нова ера преку партнерството со Rimac, а според Мате Римак, познатиот француски производител на автомобили ќе процвета како бренд во наредните години.

Во неодамнешното интервју за Autocar, Rimac вели дека во Bugatti ќе ги стават трошоците под контрола бидејќи во план е електрификација со цел брендот да остане релевантен во рамките на пошироката автомобилска индустрија.

„Според досегашниот начин на претставување на еден модел, генерација по генерација, Bugatti е многу успешен“, вели тој. „Луѓето би биле изненадени од тоа колку е профитабилен секој Chiron. И покрај ова, Мате Римац истакна дека Bugatti потрошил огромни суми пари на развој на нови модели, делумно затоа што препуштил многу работа на други компании.

„Создавањето на Bugatti Chiron чинело многу повеќе отколку создавањето на Bugatti Veyron, кој го има истиот мотор W16 и осумстепен менувач, повеќе отколку што потрошивме за развивање на нашиот Rimac Nevera од нула“, открива тој.

Претходно оваа година, Мате Римац откри дека моделите на Bugatti ќе продолжат да се продаваат „некое време“ со мотори со внатрешно согорување, иако следниот погон на Bugatti ќе биде „високо електрифициран“. Многу детали за новиот модел сè уште остануваат тајна, но тој очигледно е во изградба во последните 18 месеци и се очекува да послужи како наследник на Chiron. Ако е така, тогаш може да се очекува да понуди неверојатни нивоа на перформанси.

Одлучувајќи за иднината на брендот Bugatti, групацијата Volkswagen мораше да избере помеѓу инвестирање милијарди во електрификација или затворање на брендот. Потоа дојде идејата за спојување со Римац.

„Го гледам овој аранжман како win-win-win-win ситуација“, вели Римац. „Тоа е победа за нас, имаме прекрасен бренд со 113-годишна традиција. Тоа е победа за Volkswagen, бидејќи Bugatti има голема иднина, тие имаат акционер и ние ќе ги држиме трошоците под контрола. Тоа е победа за вработените затоа што ќе се шириме. И тоа е победа за клиентите, бидејќи ни доаѓаат возбудливи нови производи. Bugatti ќе процвета“.