Мултимилијардерот и најголем акционер на Tesla Илон Маск сака да постигне до сега невидена ефикасност. Со својата последна објава на Twitter, тој повторно предизвика море од коментари

Имено, тој напишал дека сака сервисот да биде завршен во рамките на истиот час кога возачот ќе го остави електричниот автомобил во сервисот. Маск како пример ги споменува тимовите на механичарите во Formula 1 кои се исклучително брзи во решавањето на сите проблеми.

Ова не е прв обид Tesla да се обидува да постигне висока ефикасност и брзина во сервисите. Во 2015 година, компанијата го ангажираше Кени Хендкамер, ветеран во Formula 1 и поранешен главен механичар на Red Bull Racing, како глобален директор за сервисни иновации. Хендкамер имплементираше брзи сервисни патеки инспирирани од F1 за да го намали времето на чекање. Сега целта очигледно е дополнително да се намали времето на сервисирање.

Во прилог на постигнување на поголема брзина во сервисите оди и фактот дека на електричните автомобили има многу помалку работа.