Маск го потврди новиот модел на Tesla, познат и датум на доаѓање
Како што се очекуваше, Илон Маск лично се приклучи во премиерата на новиот модел
По лансирањето на Roadster во вселената, новиот модел го добил името Cybertruck, а за неговата најава искористен е еден од најголемите класици SF филмската индустрија, Blade Runner. За „големото финале“ избран е 21 ноември, во фабриката „SpaceX“ во близина на Лос Анџелес.
Cybertruck unveil on Nov 21 in LA near SpaceX rocket factory
— Elon Musk (@elonmusk) November 6, 2019
А за својот електричен камионет, се рабира, Маск повторно дава огромно ветување. Како што некогаш изјави дека, Model 3 ќе биде подобар од BMW Серија 3, така сега вели дека камионот на Tesla ќе биде подобар од Ford F-150, најпопуларниот и најпродаван камионет во целата историја. Дури и не застанува тука, велејќи дека на патот ќе биде подобар од Porsche 911 и ќе вози до шест лица. Автономијата ќе биде до 800 км. Ќе може да повлече над 130 тони. И најдобро од се, најавената цена е 50.000 американски долари.
Повторно храбри изјави од Маск, но нели, ништо невообичаено. А не е дека во некои случаи и не е во право…