Досега концептниот модел на Maserati, како што стојат работите, конечно влегува во производство, а првите примероци на патот ќе се најдат следната година

Наскоро ќе навршат пет години откако Maserati го претстави концептот Alfieri 2 + 2 врз основа на моделот Granturismo MC Stradale. Спортското купе доби многу позитивни критики и потенцијални купувачи, па Maserati најави сериски модел, но ништо не излезе од тоа. Alfieri остана само сон се до минатото лето кога од Maserati стигна објава дека нов модел е вклучен во следниот петгодишен бизнис план.

Новата објава од Maserati е дека новиот модел (иако Alfieri како име не е споменато) опишан како „карактеристичен спортски автомобил од Maserati“ ќе влезе во предсериско производство во фабриката во Модена на почетокот од следната година, што значи дека првите клиенти ќе го добијат својот примерок до крајот на следната година. А за да се случи сето ова, Maserati темелно ќе го зголеми производствениот капацитет оваа година.

Она што е важно е дека првобитните планови се значително променети. Наместо да има традиционален погон, за Alfieri сега е предвиден хибриден и електричен погон.

Зборувајќи за вториот, FCA најави дека Alfieri EV ќе има три електрични мотори и систем за погон на сите тркала со векторизација на вртежниот момент. Од компанијата велат дека купувачите можат да очекуваат голем опсег, брзо време на полнење и „најсовремена 800V технологија за батерии“. Oд Maserati посочуваат дека ова ќе овозможи Alfieri да забрзува од 0-100 km/h за приближно две секунди, пред да достигне максимална брзина поголема од 300 km/h.