Италијанскиот бренд одлучи да го ажурира својот бестселер

И покрај годините, Panda сè уште го води главниот збор во Европа во А сегментот. Скоро и да нема индикации дека некој од конкурентите наскоро ќе може да ја загрози Panda на тронот, но за да се одржи тој трен време беше овој модел да добие некои подобрувања.

Токму затоа Fiat преку ажурирањето на Panda и дава нова спортска верзија, како и екран на допир. Верувале или не, Panda го слави својот 40-ти роденден, а за тоа време поминати се само три генерации!

Претходно оваа година, италијанската марка ја збогати понудата на својот адут од А сегментот со нов 1.0-литарски мотор поддржан од благ хибриден систем. Овој пат нема механички промени во Panda.

Значи, пакетите со опрема започнуваат со основниот Life, проследен со City Life, а потоа и новиот Sport. Со пакетот на опрема Sport се добиваат двобојни тркала од 16 инчи, недостасуваат пластичните панели на вратите, рачките се во боја на каросеријата… Но, нема никаква карактеристика што би ја оправдала употребата на зборот Sport. Сепак, Fiat сепак и понатаму ги нуди верзиите Cross и City Cross кои се поставени над верзијата Sport.

Најголемата промена во салонот е новиот 7-инчен екран на допир. Поставен е на врвот на централната конзола и убаво се вклопува во околината. Fiat наведува дека инфо-забавниот систем е компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay.

Тука некаде и завршуваат информациите за за ажурирањата. Најверојатно списокот тука и завршува.

[useyourdrive dir=”1w1kbQQ6kYHWgRdMoNC0DftOmXQjfSkEd” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

 

Останува да видиме каква ќе биде судбината на Panda откако ќе се роди Stellantis, заедничката компанија на PSA и Fiat по спојувањето. Групата PSA очигледно не е заинтересирана за A сегментот, а доказ за тоа е укинувањето на Peugeot 108 / Citroen C1. Но, да се замисли Fiat без Panda и Model 500 е скоро невозможно.