Јужнокорејскиот бренд претстави нов додаток во своето N портфолио, уште еден hot hatch, овојпат од Б сегментот

Евидентно е дека Hyundai има намера да изгради моќен бренд од своето N одделение, па оттука и големата понуда. Како i20 N ќе помине на пазарот останува да се види, но факт е дека hot hatch моделите во Б сегментот се загрозен вид. Веќе ги нема Ibiza Cupra, Audi S1, Renault Clio R.S, додека други како Polo GTI и Fiesta ST сè уште се достапни за купување.

Првото нешто што паѓа во очи кога ќе се погледне моделот светло сината боја, која практично стана заштитен знак на N моделите од Hyundai. Други промени кои може да се забележат во однос на стандардниот модел се различна решетка, поголеми отвори за воздух, потоа различни браници и напред и назад. На задниот дел од возилото е видлив голем спојлер, потоа дифузер и малку попривлечни светла во споредба со конвенционалната верзија. Моделот е поставен на 18-инчни тркала.

Промените во салонот, со исклучок на седиштата, се чисто естетски. Спортските седишта со интегрирани потпирачи за глава се една од најголемите разлики во споредба со стандардниот i20. Тука се и спортскиот волан и менувач, потоа металните педали, а Hyundai, со цел да ја разбие монотонијата во внатрешноста на возилото, на неколку места вметнал сини детали, кои ја следат бојата на надворешноста.

Се разбира, најважно е што има под капакот на моторот. Во овој случај, станува збор за 1.6-литарски 4-цилиндерски турбо мотор кој испорачува 204 КС и 275 Nm. Јужнокорејската марка не објави податоци во врска со забрзувањето и максималната брзина, па за овие детали засега може само да се шпекулира.

Засега, i20 N ќе доаѓа само со 6-степен мануелен менувач, кој моќта ја испраќа до предните тркала. Сепак, од Hyundai истакнуваат дека доколку има побарувачка, тие се подготвени да понудат 8-степен автоматски менувач.

[useyourdrive dir=”1g8v4PUezNwUBkRZgSpYq-xtDvIP-QBOJ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Hyundai i20 N на пазарот треба да пристигне на почетокот од следната година, а цената засега не е позната.