Макс Верстапен ја одбрани титулата, но Formula 1 без контроверзи неможе! / ФОТО+ВИДЕО
Верстапен заслужено до втората титула, но, освојувањето повторно проследено со судиски невообичаено темпирани одлуки, непознавање на сопствениот правилник, откривање на дупки во него…
Макс Верстапен во Red Bull победи на трката за Големата награда на Јапонија. Дождливото време не им дозволи на возачите да ја поминат целата должина на трката, но 18 возачи успешно ја завршија неделната трка. Серхио Перез во вториот Red Bull заврши втор откако Чарлс Леклер во Ferrari заработи казна од 5 секунди на самиот крај на трката и како резултат на тоа Макс Верстапен ја потврди својата втора шампионска титула во низа!
Естебан Окон го задржа четвртото место пред Луис Хамилтон во Mercedes кој заврши на петтата позиција, а шестото место го освои Себастијан Фетел во Aston Martin, пред се благодарејќи на одличната стратегија на тимот. Топ десетката ја заокружија Фернандо Алонсо во Alpine, Џорџ Расел во Mercedes, Николас Латифи во Williams и Ландо Норис во McLaren.
Drama from the off at Suzuka 👀#JapaneseGP #F1 pic.twitter.com/V3ELKxZt2J
— Formula 1 (@F1) October 9, 2022
Судиска и возачка (не)интелегенција
На самиот старт, честитки до Макс Верстапен за, како и да е, сепак заслужената втора последователна шампионска титула. Но, освојувањето на титулата повторно е проследено со контроверзи. Судиски невообичаено темпирани одлуки, непознавање на сопствениот правилник и откривањето на дупки во него. Згора на се, тука е и прашањето за возачката (не)интелигенција…
Шампион ли е, не ли е ?!
За овогодинешното раководство на трките, Мајкл Маси е доцент. Толку многу сомнителни одлуки, одлуки донесени премногу бавно, некои донесени експресно, а врв е експресно донесената одлука по трката и целата конфузија околу методот на бодување.
Пред се, знамето со кое се означува крајот на трката беше развеано круг порано. Според правилата, ако трката завршува со одбројување на времето, таа завршува откако лидерот ќе заврши уште еден круг по истекот на времето. На трката во Јапонија, судиите прогласија крај на трката веднаш штом Верстапен ја премина целта по истекот на времето.
Второ, Леклер погреши во последната шикана од тој (пред)последен круг, ја скрати и едвај го задржа Перез зад себе. Судиите воопшто не се двоумеа и веднаш го казнија Леклер со дополнителни пет секунди на времето остварено во трката. Да, веројатно ја заслужи казната, но останува прашањето како сега судиите можат толку брзо да донесат одлука, а во толку други претходни ситуации да се чека со часови за пресуда? Доволно е да се навратиме на претходната трка, кога се чекаше три часа за одлука, а имаа нешто повеќе од половина час до крајот на трката да ги прегледаат сите снимки на мир и да донесат одлука. Тогаш решија да го повикаат Перез на интервју, а сега не им падна ни на памет да го повикаат Леклер на интервју. Имаше уште многу слични ситуации претходно во сезоната кога возачите поминуваа без казна, но тоа не е толку спорно колку што е спорно дека судиите се многу неконзистентни.
Трето, дупка во правилникот. Во текот на целата трка се вели дека нема време да се комплетираат круговите за да се доделат целосни поени, за на крајот сите да добијат целосни поени. Причината – правилата наведуваат дека пола поени се доделуваат во случај трката да се прекине по одреден број кругови, а не во случај трката да заврши во даден временски интервал. Така, трката би можела да има ист број на кругови како во Спа минатата година, дури и со сите кругови под безбедносно возило, па сите поени сепак би биле распределени бидејќи трката завршила во дадениот временски интервал. Значи, самите го пишувале правилникот и сами себеси си најдоа дупка во него. Дури и Хорнер е свесен за ова и смета дека тоа треба да се прилагоди.
Сето ова е јасен доказ за неспособноста на судиите. Со овој потег тие целосно ја расипаа прославата за титулата на Макс, па не можеше да се слушнат оние радосни врисоци преку радиото или целосната славеничка атмосфера во боксот. Сè што можеше да се види беа збунети лица и прашање дали титулата е освоена или не. FIA вторпат по ред ја расипа атмосферата на шампионатот и ги засени напорите на шампионот во походот во истиот. Целиот спорт се повеќе во одредени сегменти станува циркус наместо сериозно организиран настан.
"Champion? Not Champion?" 🤔
Even Max had to be convinced! 😃#JapaneseGP #F1 pic.twitter.com/kiJXb283RN
— Formula 1 (@F1) October 9, 2022
Возачите не се секогаш во право, или… ?!
Уште еден момент, благо кажано за размислување, се случи на самиот почеток на трката. Карлос Саинц изгуби контрола над болидот и заврши во заштитната ограда. На патеката веднаш беше испратено возилото за безбедност. Набргу по излетувањето, Пјер Гасли со својот болид собра дел од реклама која заврши на патеката по ударот на Саинц и веднаш мораше да влезе во бокс. Додека тој е во боксот, безбедносното возило ги собра болидите во колона и почна да кружи по патеката, а на патеката излегува трактор за да го отстрани искршеното Ferrari на Саинц. Целата колона возачи зад безбедносното возило поминува покрај местото на несреќата на патеката со соодветна брзина. По нив доаѓа Гасли, кој по влегувањето во боксот сака да ги стине.
Кога наиде блиску до местото на несреќата, трката беше прекината, а Гасли продолжува да „брише“ по патеката и со голема брзина помина покрај тракторот. Својот гнев веднаш го искажува преку радио бидејќи според него тракторот во тој момент не требал да биде на патеката.
Се разбира, врските со ситуацијата на Бјанкиод пред години наназад се неизбежни. Сега може да размислува и толкува на свој начин, но треба да се сложиме со тоа дека возачот е најодговорен. Добро е познато правилото дека под двојно жолти знамиња болидите треба да се движат доволно бавно за да во случај на итност возачот мора да биде подготвен целосно да го запре болидот. Кога безбедносното возило е на патеката или кога трката е прекината, тоа се однесува на целата патека. Ако веќе сака да се извлече што повеќе време под безбедносното возило, тогаш барем на местото на несреќата, возачот треба да ја намали брзината доволно за да биде подготвен да запре.
Во овој случај Гасли е толку решен да ја стигне колоната што притиска на гасот и како брз воз проаѓа покрај тракторот. Тој сепак тоа го направи не под безбедносно возило, туку под црвено знаме и свесен е дека во тој момент нема смисла да се брка колоната затоа што дефинитивно е прекин на трката и дека дефинитивно ќе стигне со нив дури и да се движи со 30 km/h.
Веднаш се огласија возачите и ја обвинија управата на трката дека тракторот не требало да биде на патеката. Но дали се во право? Дали не се премногу разгалени? Дали трката ќе се прекинува секогаш за некој тракторна патеката или судија? Зарем не е доволно што безбедносното возило ги собра сите болиди во една група и со тоа полека ги водеше низ местото на несреќата? Некој ќе рече „ама Гасли не беше во колоната“. Да, не, но свесен е каде била несреќата и дека таму мора се успори. И ако тракторот не е таму, со неприлагодена брзина можеше повторно да удри во болидот на Саинц и дали тогаш Саинц ќе беше виновен што излетал таму? Згора на се, во моментот на минувањето на Гасли, воопшто немаше безбедносно возило, туку црвено знаме, кога навистина не треба брзање за да стигне до колоната. Така, според сите правила, Гасли со право е казнет со 20 секунди плус на времето остварено во трка.
Како и да е, возачката титула е завршена работа, веројатно набрзо и конструкторската . Останува за жалење што повтроно освојувањето на шампионатот за возачи не е на вистински начин, но тоа е тоа, а нам ни остануваат уште неколку трки за да уживаме во тркањето. Да се надеваме дека судиите, но и возачите ќе го вклучат мозокот и ќе размислат пред да направат одреден потег. Судиите да носат правични одлуки, по можност што е можно побрзо, додека возачите да не прават глупости на патеката. За промена би било убаво сезоната наместо контроверзно да заврши убаво, за сите со нетрпение го очекуваат стартот на новата сезона догодина.