Луис Хамилтон стана посветен веган

Шесткратниот шампион во Formula 1 на вегански начин на исхрана е од 2017 година, и оттогаш стана и негов промотор. Сега оди чекор подалеку, барајќи од Mercedes-Benz да се откаже од практиката за употреба на животинска кожа во автомобилите.

„Mercedes-Benz е огромна организација. Мора да разговарам со директорот за да се најде начин да се ослободиме од кожата како материјал што влегува во автомобили“, вели Хамилтон. „Сакам да бидам дел од системот кој ќе помогне да се лекува овој свет и да се направи нешто позитивно за иднината“.

Хамилтон откако стана веган, никогаш не ни помислил да погледне наназад.

„Што се однесува до мене лично, се чувствувам подобро од кога и да било во животот, и физички и психички. Цела година се чувствував силно на ментален план, а на физички се кренав на повисоко ниво, а тоа е поврзано со одлуката за промена на начинот на исхрана“, изјави Британецот во 2017 година. „Најдобрата одлука ми беше да продолжам со овој тим, а другата беше тоа што го сменив начинот на исхрана. Сепак, возев прилично добро и пред тоа“.

Оваа година Хамилтон го прошири својот активизам како продуцент на документарниот филм The Game Changers, за врската помеѓу исхраната и спортот.

Доколку Хамилтон биде успешен во кампањата Mercedes да ја отфрли кожата од животинско потекло, германската компанија ќе им се придружи на се поголемиот број на производители на автомобили кои користат еколошка алтернатива. Tesla за прв пат воведе синтетичка кожа како опција за Model X во 2016 година, додека Model S ја отфрли животинската кожа во 2017 година. Покрај тоа, Audi размислува дали да понуди сличен материјал во е-Tron, додека Bentley планира да користи кожа од печурки за Bentayga.