Луд Formula 1 викенд во Баку: Хамилтон среќно до победата! / ВИДЕО
Британецот Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Азербејџан во Баку, пред Кими Раиконен и Серхио Перес
Двајцата големи губитници беа Валтери Ботас од Mercedes и Себастијан Фетел од Ferrari. Ботас остана без гума, прво место и бодови во самиот финиш на трката, а Фетел направи катастрофална грешка исто така во финишот која го чинеше „само“ четврто место на крајот од трката.
Германскиот возач, по освојувањето на пол-позицијата во саботните квалификации, ја имаше контролата над трката, но останал без прво место по првиот пит стоп во 31-от круг. Во тие моменти, Ботас го престигна и застана на чело од трката, чекајќи го последниот момент за да оди на промена на гумите.
Во прилог на Ботас беа и неколку инциденти на патеката. Прво, во голема битка за четвртото место дојде до судир помеѓу возачите на Red Bull, Даниел Рикардо и Макс Ферстапен, за потоа поради необјасниви удари во 40-от круг Грожан да го слупа болидот во заштитната ограда.
The @redbullracing boys dissect their collision in Baku…#AzerbaijanGP ?? #F1 pic.twitter.com/zTa6WbHfju
— Formula 1 (@F1) April 29, 2018
За водството на Ботас влијание имаше и возилото за безбедност. Ботас ја контролираше трката се до 48-от круг кога закачи на остатоци од болид и остана предна лева гума.
Race win = GONE ?
A puncture denied Valtteri Bottas his first win of the season#AzerbaijanGP ?? #F1 pic.twitter.com/uc6VOuAupL
— Formula 1 (@F1) April 29, 2018
Во истиот круг, Фетел прави катастрофална грешка, што вешто го користи Хамилтон.
Sebastian Vettel’s race took a turn for the worse at the restart ?#AzerbaijanGP ?? #F1 pic.twitter.com/ldPuoEBHuY
— Formula 1 (@F1) April 29, 2018
Истата грешка ја користи и Кими Раиконен, кој на крајот заврши како втор, иако по судирот со Окон веќе на стартот од трката, практично постојано мораше да се пробива напред во трката.
Со првата сезонска победа, Хамилтон го презеде водството во генералниот пласман со 70 поени, четири повеќе од Фетел.
2018 Azerbaijan Grand Prix: Резултати
2018 Azerbaijan Grand Prix: Најбрз круг
2018 Azerbaijan Grand Prix: Race Highlights
2018 Azerbaijan Grand Prix: Race Highlights: Изјавија по трката
“It felt awkward standing on top of the podium”#AzerbaijanGP ?? #F1 pic.twitter.com/NZFyhhoSrK
— Formula 1 (@F1) April 29, 2018
“It felt like I had everything under control and then this happened”#AzerbaijanGP ?? #F1 pic.twitter.com/rM8MBVlXDN
— Formula 1 (@F1) April 29, 2018
Трката не ја завршија:
Естебан Окон (Foece India)
Сергеј Сироткин (Williams)
Нико Хилкенберг (Renault)
Даниел Рикардо (Red Bull)
Макс Ферстапен (Red Bull)
Роман Грожан (Haas)
Валтери Ботас (Mercedesa)
Генерален пласман: Возачи
Следната трка на програмата е на 13 мај во Каталуња за Големата награда на Шпанија.