Tesla можеби не e лидер на листите на најпродавани автомобили, но кога станува збор за популарноста ситуацијата е сосема поинаква

CarInsurance.ae спровел ново истражување анализирајќи ги пребарувањата на YouTube, поврзани со 532 најпопуларни модели на автомобили од 71 марка. Студијата открива кои се најпопуларните возила на YouTube, а Tesla убедливо доминира.

Кога станува збор за производителот од Калифорнија, тој не е на врвот во однос на продажбата, особено кога станува збор за за предводниците во форма на Model S и Model X. Сепак, Model 3 редовно ги надминува своите директни ривали. Покрај тоа, тој е 16-ти најпродаван модел во светот! Напредува и продажбата на Model Y.

Општо е познато дека бројот на нарачки ги надминува производните капацитети на Tesla. Извештаите велат дека оваа марка уште на почетокот на вториот квартал го распродала капацитетот за истиот. Сега кружат гласини дека Tesla Model Y исто така е скоро распродаден до крајот на третиот квартал на 2021 година.

За да може автомобил да се продава добро, тој мора да биде популарен. Се разбира, ова не е нужен предуслов, но помага многу. Tesla не се рекламира на традиционален начин, па затоа е многу важно за компанијата да се зборува за нејзините автомобили и на тој начин да се подигне нивната популарност. За среќа на производителот со седиште во Калифорнија, неговите фанови, сопственици на автомобили и инфлуенсери на социјалните мрежи помагаат во промовирањето на брендот. Дури и ако не ја промовираат Tesla, па дури и да има некои негативни критики, компанијата на Илон Маск е во центарот на вниманието, што е целта.

Во овој поглед, количината на информации на Интернет и дискусиите за Тесла се на историски врв. Производителот од Пало Алто има четири модели меѓу 10-те најпопуларни модели на YouTube! Секако, првото место го зазема Model 3. Еден од моделите не е ни во производство, и верувале или не, ја зазема втората позиција. Секако, претпоставувате дека станува збор за Tesla Roadster.

Место Модел Годишно пребарувања
1 Tesla Model 3 3.4 милиони
2 Tesla Roadster 1.8 милиони
3 Toyota Supra 1.7 милиони
4 Honda Civic 1.48 милиони
5 Lamborghini Aventador 1.46 милиони
6 Mazda3 1.39 милиони
7 Audi R8 1.31 милиони
8 BMW i8 1.3 милиони
9 Tesla Model X 1.26 милиони
10 Tesla Model S 1.02 милиони

Tesla е на високото второ место и во топ 10 кога станува збор за најпопуларниот производител на автомобили. Само Lamborghini е пред Tesla.

Место Бренд Годишно пребарувања
1 Lamborghini 11.64 милиони
2 Tesla 9.91 милиони
3 Ferrari 4.6 милиони
4 BMW 3.36 милиони
5 Audi 1.93 милиони
6 Bugatti 1.75 милиони
7 Porsche 1.46 милиони
8 Mini 1.34 милиони
9 Jaguar 1.33 милиони
10 Rolls Royce 1.24 милиони