Британскиот теренец поминал низ серозен процес на рестилизација 

Надворешните промени се суптилни, но затоа промените во салонот се големи. Новина е и plug-in хибридната варијанта.

Навистина ретко се случува некој модел во средина на животниот генерациски век да ја смени платформата на која е поставен, но ова е токму раков случај. Моделот E-Pace веќе не се гради на старата архитектура која се потпираше на технологија на Ford, тука ја прифатил платформата PTA на групата JLR. Од Jaguar наведуваат дека новата база овозможува подобро управување, односно подобра возна динамика.

Ако зборуваме за моторната гама, во понуда ќе бидат седум погонски единици, од кои дури шест се електрифицирани. Воведната единица кај дизелите е 2-литарски турбо со четири цилиндри и 163 КС спарен со 6-степен мануелен менувач кој моќта на погонската единица ја испраќа до предните тркала. Кога станува збор за оваа единица, постои и верзија поврзана со 9-степен автоматик, погон на сите тркала и благ хибриден систем. Врв во дизел понудата е 2-литарски агрегат со моќност од 204 КС. Овој агрегат е спарен со 9-степен автоматски менувач и погон на сите тркала, а тука е и лесниот хибриден систем.

Кај бензинската понуда, сите понудени единици поседуваат благ хибриден систем, а понудата започнува со 3-цилиндерски 1.5-литарски мотор со турбополнач кој испорачува 160 КС. Моќта ја пренесува до предните тркала преку 8-степен автоматски менувач. Оваа погонска единица се користи и во plug-in хибридното издание, каде што е комбинирана со електромотор. Верзијата plug-in е всушност и најмоќната опција што се нуди. Возачот има на располагање има вкупно 309 КС и погон на сите тркала. Jaguar наведува дека хибридниот E-Pace е во состојба да помине 55 километри користејќи само електрична енергија.

Што се однесува до другите бензински мотори, Jaguar нуди 2-литарски 4-цилиндерски турбо мотор кој доаѓа со лесна хибридна технологија. Споменатата единица е спарена со 9-степен автоматски менувач, а моќноста се испраќа до сите тркала. Британската марка нуди три варијанти на овој бензинец – со 200, 249 и 300 КС.

Кога станува збор за визуелните промени, веќе напоменавме дека оние на надворешноста се навистина суптилни и главно се концентрирани на предниот дел од автомобилот, а тоа значи нова решетка, поголеми отвори за воздух, светлосна група со двоен светлосен потпис во форма на буквата „Ј“…

Поголемите дизајнерски зафати се во салонот, особено на централната конзола. Новиот закривен екран за контрола на инфо-забавниот систем има дијагонала од 11,4 инчи. Пред возачот е нов волан, како и опционална 12,3-инчна дигитална табла со инструменти. Аналогните инструменти сеуште остануваат стандард.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1yeimRJiEvNQvHm1AgenRQtjnT9Bf9tf3″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Од Jaguar велат дека освежениот модел веќе може да се нарачува. За жал моделот ќе биде поскап отколку пред „лифтинг“ третманот.