Lexus LF-30: електормотори во тркалата и салон од иднината / ФОТО
Премиум подбрендот на Toyota, на тековниот саем во Токио ја откри својата визија за електрифицирани возила од иднината
Најатрактивните детали за електрифицираниот концепт LF-30 се електромоторите инсталирани во тркалата, а управливоста е на сите четити тркала и контролата на сите тркала.
Ова на LF-30 му овозможува вкупна моќност од 536 КС и супериорно ракување, додека технологијата Lexus Advenced Posture Control ја контролира излезната моќност, односно предната, задната или обете оски, во зависност од условите.
Концептниот Lexus ја најавува и иднината на полнење на ЕВ автомобилите без кабли. Тука се и напредниот автономен систем за возење, функцијата за самостојно паркирање, како и доаѓање по возачот слично на системот Summon на Tesla…
Бидејќи електромоторите се на тркалата, дизајнерите имале максимална слобода во креирањето на формата и функционалноста на автомобилот. Затоа и доминираат масивни стаклени елементи, футуристички седишта, вештачка интелигенција …