„Со овој лет започнува нова ера на повеќе наменски превозни средства“, наведуваат од Klein Vision

Многу компании започнаа да развиваат летачки автомобили – на пример, Hyundai најави дека до 2025 година, американските аеродроми ќе ги користат своите летечки такси возила. Меѓутоа, многу од овие проекти се во основа само „хеликоптери“.

Сепак, AirCar на BMW, изработен во соработка со Klein Vision, дури изгледа како вистински спортски автомобил, и со едно притиснување на копче се претвора во летачки автомобил. Крилата и опашката се отвораат, па се враќаат на своето место – нешто слично како во филмот Taxi од 1998 година.

Проектот BMW AirCar е при крај, за што сведочи неодамнешниот 35-минутен лет од аеродромот Нитра до аеродромот во словачката престолнина Братислава. По успешно завршениот 142-ти лет, AirCar се претворa во автомобил, а потоа продолжува кон центарот на Братислава, со професорот Стефан Клајн зад воланот.

„Овој лет започнува нова ера на повеќе наменски превозни средства. Отвора нова категорија на транспорт и ја враќа слободата, изворно припишана на на автомобилите, на поединецот“, вели гордо професорот по летот.

Под хаубата на летачкиот автомобил BMW се наоѓа бензински мотор кој произведува 160 КС (118 kW) и може да носи до 200 килограми. Прототипот во моментов има завршено повеќе од 40 часа летови и достигнува висина од 2.499 метри со максимална брзина од 190 кkm/h за време на тестирањето.

[useyourdrive dir=”10tBFtaonTzmBwFBjtlQRFRDstg61fE7Z” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Klein Vision планира уште понапредна верзија која ќе биде пред-производствена. Ќе користи мотор од 300 КС, пропелер со променлив наклон и ќе може да постигне максимална брзина од 300 km/h и домет од 1.000 километри.