Според сите проценки, системот ISA до 2022 година треба да биде прецизен скоро 100 проценти, односно точно ќе ги препознава ограничувањата на брзината

Европската унија од 2022 година воведува интелигентна асистенција за брзината – Intelligent Speed Adaptation (ISA), или ограничувач на брзината. Овој систем ќе влезе во сите нови автомобили произведени по јуни 2022 година, а за веќе преставените возила (пред овој рок) ќе биде дозволен период до 2024 година за имплементација на технологијата. Значи, на пример, сегашната генерација на Renault Clio или Hyundai Bayon ќе има рок до 2024 година да ја активира технологијата. Клучното прашање е како ќе работи?

  • Сите автомобили ќе бидат опремени со предни камери и уреди за навигација. Користејќи ги двата система, автомобилот ќе ги препознава знаците за ограничување на брзината.
  • Ако возите побрзо од дозволеното, ќе се вклучи звучно предупредување.
  • Наместо звучно препдупредување ќе може да се користат трепкачки светла во кабината.
  • Исто така, по надминување на ограничувањето на брзината, можни се вибрации на педалот за гас.
  • По некое време, ако продолжите да возите побрзо од дозволеното, овие мерки сами ќе се исклучат.
  • При секое вклучување на автомобилот ќе биде можно системот да се исклучи, кој иако, на пример, претходно сте го деактивирале, самостојно повторно се активира при наредото стартување на автомобилот.

Според сите проценки, системот ISA треба да биде прецизен скоро 100 проценти до 2022 година, односно точно ќе ги препознава ограничувањата на брзината. Покрај позитивните аспекти на оваа регулатива, се споменуваат и негативните – возачите би можеле да станат премногу комфорни и некритични да возат по автоматизам според ограничувањата на брзината, па така, на пример, во случај на голомразица, ограничувањето на брзината може да биде и превисоко поставено. Друг предизвик е препознавање на знаците на за променливо ограничување на брзината, кои се вообичаени на дисплеите на патиштата. Тука предните камери ќе мора да функционираат беспрекорно.