Британскиот производител на SUV и класични теренци има намера да ја прошири својата понуда со помали модели со цел да зголемување на продажбата

Идните мали Land Rover модели на компанијата ќе и овозможат да биде присутна во голем број сегменти од автомобилската индустрија, а со тоа би требало да се случи и зголемен профит.

Овие основни модели ќе бидат инспирирани од оригиналниот Freelander, лансиран во 1997 година, а кој брзо потоа стана еден од најдобро продаваните во својата класа во Европа. Land Rover сега сака да го повтори успехот од доцните 1990-ти, но овој пат со уште помали модели во споредба со првата генерација на Freelander.

Првиот мал SUV на овој производител ќе биде долг околу 4,2 метри, а во продажба ќе се појави најрано во 2021 година.

Првите луѓе на компанијата, во исто време ја разгледуваат и можноста за повторно активирање на марката Freelander за овој модел, откако беше пензиониран во 2014 година, кога Discovery Sport ја замени втората и последната генерација на Freelander.

Покрај новиот „Freelander“, се споменува уште еден мал модел – овој пат компактен Defender, кој ќе има карактеристики на вистински, робусен теренец.