„Пресметката“ на овие две имиња е во репертоарот на YouTube каналот DragTimes

Станува збор за два неверојатни автомобили во секој поглед. Giuliа како погон има 2.9-литарски V6 twin-turbo мотор кој развива 505 КС во спецификација во САД, додека моќта на задните тркала се пренесува преку осум-брзински автоматски менувач.

BMW M3 Competition е 3-литарски турбо реден мотор со 6-цилиндри кој развива 444 коњски сили. Тоа значи дека моделот на BMW значително заостанува кога станува збор за коњските сили во однос на италијанскиот адут. Моќта се пренесува на тркалата преку седум-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Сепак… За да го дознате победникот, погледнете го видеото во прилог.

Loading...