![Lamborghini руши рекорди благодарение на суперспортскиот Urus](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2021/07/2021-Lamborghini-Urus-15000-Celebration-4.jpg)
Lamborghini руши рекорди благодарение на суперспортскиот Urus
Италијанскиот SUV придвижуван од 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор со 650 КС и 850 Nm до 100 km/h стигнува за 3,6 секунди, а максимумот му е 305 km/h
Пред точно четири години, Lamborghini го лансираше својот суперспортски SUV – моделот Urus.
Четвртиот роденден Италијанците го искористија за да ја информираат јавноста за најдобрите продажни резултати во историјата на компанијата.
Благодарение на Urus, продажбата, прометот и профитабилноста достигнале рекордно ниво, прометот растеле од година во година, а со 1,61 милијарди евра, 2020 година е рекордна година по профитабилност за компанијата.
Вкупниот раст на глобалната продажба е уште позабележителен: од 2018 година до крајот на 2021 година, се испорачани вкупно 16.000 Urus единици! Со овие бројки, Urus е најпродаваниот модел во текот на четири години во историјата на компанијата.
Urus се продава на пет континенти, а дури 85% од клиентите се сосема нови клиенти на Lamborghini.
Италијанскиот SUV придвижуван од 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор со 650 КС и 850 Nm до 100 km/h стигнува за 3,6 секунди, а максимумот му е 305 km/h