Според пописот на полицијата, во последните години, загинале или се повредени десетици луѓе 

Употребата на рајски гас или гас за смеење е констатирано во 63 сообраќајни несреќи со смртни последици и 362 несреќи со (тешки) повреди. Министерот во заминување Ферд Граперхаус (правда) големиот број сообраќајни несреќи предизвикани од гас за смеење го нарекува шокантен и загрижувачки.

Во првите десет месеци од оваа година, полицијата повеќе од 4.000 пати фатила возачи кои користеле гас за смеење додека возеле или во просек околу 400 пати месечно што е споредливо со истиот период минатата година. Во последните три години имало речиси 1.800 несреќи со кислороден оксид. Станува збор за несреќи со загинати и повредени лица, но и судири само со оштетувања на возила. Минатата година била некаков пик, но и оваа година се чини дека бројката е приближно исто толку висока.

Многу лекари алармираат за овој тип на дрога, која многу млади луѓе сè уште ја сметаат за релативно блага. Имено, може да предизвика сериозни здравствени последици како згрутчување на крвта.

Вкупниот број на сообраќајни инциденти кои вклучуваат употреба на кислороден оксид и понатаму е алармантно висок, велат од полицијата. Заклучно со октомври годинава имало 3.518. Во цела 2019 и 2020 година имало 2.305, односно 4.537 сообраќајни незгоди.

На либералната Холандија очигледно и е доста, па сега тамошната влада кислородниот оксид сака да го вклучи во Законот за опијати од 2022 година, со што неговото поседување ќе биде казниво. Корисниците така би можеле да бидат казнети доколку, на пример, носат балони и шишиња со кислороден оксид, а за спроведување на одлуката веќе се предвидени 14 милиони евра.