Италијанскиот производител на суперавтомобили Lamborghini стигна до две големи производствени бројки – 11.000 модели на Huracan и уште 8.000 модели Aventador

Јубилејниот Huracan во Blue Nethuns боја го купил неименуван Италијанец, додека јубилејниот Aventador е произведен во специјална верзија Aventador S Roadster во Grigio Telesto сива боја за клиент од Јапонија.

Со 8.000 Aventador-и на патиштата, Lamborghini речиси двојно го зголемил производството во споредба со неговиот претходник, Murcielago, кој заклучно со 11 мај 2010 година кога последниот примерок ја напуштил фабриката е изработен во 4.099 единици.

Од друга страна, Huracan сѐ уште е зад неговиот претходник Gallardo, чие производство е завршено во ноември 2013 година на бројка од 14.022 примероци. Во тој момент, Gallardo претставувал вкупно половина од производството на Lamborghini од основањето на компанијата во 1963 година.

Aventador S Roadster
Aventador S Roadster
Huracan
Huracan

Продажните резултати на Lamborghini продолжуваат да растат. Во првата половина од 2018, компанијата испорачала 2.327 единици, што претставува зголемување од 11% во однос на истиот период минатата година. Од нив, 1.604 примероци се Huracan, a 674 Aventador. Останатите 50 единици се од новиот SUV на компанијата, Urus.

Од Lamborghini велат дека продолжуваат во истиот ритам и најавуваат нови суперавтомобили. Развојот на наследникот на Aventador е започнат, но освен тоа нема дека ќе има V12 погонска единица со хибридна асистенција, други информации нема. Заминувањето во „пензија“, кога ќе дојде време за тоа, би требало да биде одбележано со специјална верзија Superveloce Jota.

Но, пред доаѓањето на неговиот наследник, Lamborghini ќе претстави хиперавтомобил чиј дизајн треба да биде базиран на концептот Terzo Millennio.

Terzo Millennio Concept

Што се однесува до наследникот на Huracan, истиот наскоро нема да пристигне, иако од Lamborghini велат дека имаат интересни идеи и на таа тема.