Квиз прашање: Дали знаете кој автомобил најмногу се појавува во филмовите?
Ford воедно е и брендот кој најчесто се појавува на филмското платно
Онлајн магазинот Carwow ги пребарал податоците на светските филмски бази во потрага по автомобилот кој се појавил во најмногу филмови. Победникот е очигледен, но тешко е да се погоди. Во многу големи кино хитови, автомобилот игра главна или споредна улога. Кои модели најчесто се користат? Анализата на филмските бази IMDB и IMCDB покажува дека победник е можеби малку грдиот американски модел Ford Crown Victoria.
Ford воедно е и брендот кој најчесто се појавува на филмското платно. Дури 10.363 примероци имале своја улога во играни филмови – повеќе од која било друга марка на автомобили. Ford Crown Victoria на големото платно се има појавено вкупно 1019 пати. Причина? Верзијата на овој Ford е најчесто користениот модел на полициски автомобил во САД помеѓу 1997 и 2013 година. На второ место е брендот Chevrolet, а потоа следат Mercedes-Benz, Fiat, Volkswagen, Toyota, Dodge, BMW, Cadillac и Jeep. Од германските автомобили, најзастапена во филмовите е Ѕ-класата и во податоците на филмските бази се споменува дури 758 пати. На второ место е BMW Серија 5 со 650 филмски појавувања, а на третото е BMW Серија 3 со 642 настапи во светските филмски продукции.