Кросовер и SUV моделите сочинуваат една третина од продажбата во Европа
Продажбата на возила од SUV класата продолжува да расте многу, а во споредба со 2017 година, минатата година растот изнесуваше 18 отсто
Ова е зголемување на продажбата на околу 800.000 возила, на вкупно 5,3 милиони SUV единици. Дополнителниот раст на побарувачката значи и дека SUV и crossover се веќе една третина од вкупната продажба на сите автомобили во Европа. Нивниот удел во продажбата сега изнесува 34,3%, споредено со 29,4% во 2017 и 25,6% во 2016 година.
Најголем губитник е класата на минивани, чија продажба се намалила за 273.000 примероци во 2018 година.
Најпродавани се компактните мали SUV модели и кросовери кои чинат бројка од околу 3,6 милиони продадени единици.
Попродавани од нив, гледајќи ги сите класи на автомобили, се само компактните и мали автомобили.
Што се однесува до конкретните модели, најпродаван кросовер / SUV во Европа е сеуште Nissan Qashqai (233.026 единици), а во врат му дише Volkswagen Tiguan со само 8.238 возила помалку. Следи Peugeot 3008, чија продажба пораснала за 26%, по што следат Renault Captur и Dacia Duster, кој е попродаван од Peugeot 2008.