Најмлади се купувачите на Dodge Challenger

Иако логиката вели дека за автомобили како што се Dodge Challenger, Ford Mustang или Chevrolet Camaro најмногу се интересираат помладите купувачи – колку и да е старосната граница релативна работа – тие во просек зачекориле во шестата деценија од животот.

Најмлади меѓу нив се оние кои избрале Dodge Challenger за свој нов автомобил, но купувачите на овој модел во САД просечно имаат 51 година.

Купувачите на Mustang и Camara се малку постари, и покрај фактот дека сегашните генерации на двата модела на пазарот се присутни нешто по веќе можеби „подостарениот“ Challenger, кој е во продажба од 2008 година.

Аналитичарите ова го објаснуваат со подобрите услови за продажба што ги нудат дилерите на автомобили на Dodge, но и со фактот дека Challenger, со својата попространа и поудобна патничка кабина, е попрактичен за секојдневна употреба од другите два ривали. Challenger е исто така достапен со погон на сите тркала.