Кражбите на катализатори ќе бидат се побројни / ВИДЕО
Цените на материјалите од кои е направен овој детал достигнаа рекордни нивоа
Kражбата на катализатори од хибридните автомобили е значително зголемена не само во САД, туку и во други земји. Причината лежи во високите цени на елементите од кои е направен овој основен детал – паладиум и родиум. Проблемот станува се поголем, па дури добива и алармантни размери, а за тоа е виновна пандемијата со коронавирус, која остави многу луѓе без егзистенција.
Според The New York Times, американската полиција истражува се повеќе случаи низ целата земја. Во Сент Луис, на пример, пријавени се 8 пати повеќе кражби на катализатори отколку во 2019 година. Истото важи и за Лексингтон (Јужна Каролина), Вичита (Канзас) и многу други градови.
Главниот фактор за зголемемиот број на кражби е цената на материјалите од кои се произведуваат катализаторите. Овој детал е задолжителен за сите автомобили во САД произведени по 1975 година, со употреба на платина, родиум и паладиум. Цената на паладиумот, на пример, расте пет пати во последните пет години, достигнувајќи рекордни 2.500 долари за унца.
Истото важи и за родиумот, кој во 2016 година чинеше 640 американски долари за унца, а сега се очекува да достигне 21.900 американски долари, што претставува зголемување за 3.000 %. Ова е 12 пати повеќе од златото и делува како магнет за крадците. Во исто време, бројот на компании кои откупуваат катализатори се зголемува и тие се подготвени да платат до 500 УСД по единица.
Како по правило, поскапоцените метали ги користат постарите автомобили и затоа најчеста цел се првите генерации на Prius. Големите SUV модели и пикапи се исто така популарни кај крадците, бидејќи имаат поголем клиренс, што го олеснува крадењето на катализаторот.
Друг проблем е откривањето на украдените катализатори, кои брзо исчезнуваат на црниот пазар. Полицијата признава дека не можат да ги пронајдат деловите кои недостасуваат и ги советуваат сопствениците да посетат сервис и да го врежат регистарскиот број на нивниот автомобил на катализаторот. Ова можеби е премногу за некои сопственици, но осигурителните компании не ја покриваат кражбата на оваа ставка. А, инсталирањето на нов катализатор воопшто не е евтино.