Најголемото разочарување за оваа година е Dacia Jogger со само една ѕвезда

Кровната европската безбедносна организација EuroNCAP оваа година тестирала 60 нови производи, а германскиот ADAC објави анализа на постигнатите резултати.

 

Иако германскиот Mercedes и шведскиот Volvo со години уживаат во репутацијата на најбезбедни марки, оваа година има промена на врвот.

Меѓу 60-те тестирани модели, 47 добиле максимален број ѕвезди. Оценка подолу (четири ѕвезди) заработиле 12 модели, а овогодинешното најголемо разочарување е Dacia Jogger со само една ѕвезда.

Според резултатите од EuroNCAP, најбезбедни автомобили оваа година се Tesla Model S и Model Y.

На третото место е Lexus RX, кој како и двата Tesla модели не покажал слабости во ниту една категорија.

Четвртото место му припаѓа на Mercedes EQE.

Интересно е што кинескиот Wey Coffee (модели 01 и 02) го завзема петтото и шестото место, а кинеско-германскиот Smart е на седмото место.

На осмото место е уште еден кинески автомобил, Nio ET7, кој ја дели позицијата со Mercedes C-class и Hyundai Ioniq 6.