Германскиот премиум производител потврди дека наскоро ќе запре производството на големите V12 единици, додека V8 ќе преживее со електрификација

Првиот човек на AMG, Тобијас Моерс, на автосалонот во Париз изјави дека V12 ќе исчезне од моделите со високи перформанси на Mercedes оној момент кога ќе заврши производството на сегашниот Mercedes-AMG S65.

Сепак, љубителите на моќни мотори со голем волумен не мора да се грижат, бидејќи AMG ќе продолжи да ги произведува twin-turbo V8 агрегатите.

„V8 е многу ефикасен мотор. Во комбинација со електричен мотор, оваа единица ќе трае уште долго, подолго отколку што многумина мислат“, вели Моерс.

Првата примена на 4.0-литарскиот twin-turbo V8 мотор на AMG, потпомогнат од електрична погонска компонента, се очекува во AMG GT 4-door.

Според неофицијални информации, AMG заедно со V8 ќе вградува електричен мотор со повеќе од 100 kW (136 КС) што на крајот би резултирало со вкупни преко 800 „коњи“!