Сите оние кои имале намера да го купат новиот Volkswagen Golf GTI ќе мора да издвојат дополнителна сума на пари, бидејќи базната верзија на овој hot-hatch модел повеќе нема да се произведува ниту продава

Имено, производството на овој модел е прекинато поради построгите WLTP стандарди за емисии на штетни гасови.

Golf GTI Performance се продава по почетна цена од 32.950 евра во Германија. Тој е малку помоќен од воведната варијанта на Golf GTI, а неговиот 4-цилиндерски агрегат со турбо полнач и работна зафатнина од два литра, развива 241 КС.

Благодарение на ова, овој модел од 0 до 100 km/h забрзува за 6,2 секунди. Golf GTI Performance е опремен со фарови со LED технологија, навигација и 18-инчни тркала.

Со оглед на тоа дека Volkswagen веќе ja подготвува новаta, осма генерација на моделot Golf, кој ќе биде претставен следната година, мали се шансите базниот GTI да биде модифициран за да се усогласи со построгите правила за емисии на штетни гасови.

Во секој случај, другите варијанти на изведбата на овој модел се далеку од тоа да бидат укинати. Всушност, до крајот на годината VW планира да го лансира Golf GTI TCR, со 4-цилиндерски мотор од два литра, кој ќе развива 286 КС и 370 Nm вртежен момент.

Неговиот агрегат ќе биде поврзан со пренос со двојна спојка и седум степени, преку кој моќта ќе се испраќа само на предните тркала.

Покрај тоа што беше принуден да го запре производството на Golf GTI, Volkswagen исто така мораше да ја намали моќта на Golf R за 10 КС. Ова е постигнато со инсталирање на нов издувен систем со што R-варијантата на моделот Golf сега ги исполнува WLTP стандардите.