Koleos дефинитивно нема да доживее трета генерација

Францускиот бренд е принуден да направи простор во своето портфолио за големата офанзива на нови модели планирани до 2025 година. Затоа, не е изненадувачки што возилата што не даваат задоволителни резултати во комерцијална смисла, мора да се повлечат.

Renault веќе потврди дека се ближи крајот на кариерата за Talisman, Espace и Scenic, нешто што се очекуваше веќе извесно време, со оглед на многу слабата продажба на овие модели. Сега, доаѓа друга вест, а тоа е дека и Koleos наскоро ќе замине во историјата.

Желбата во компанијата со Koleos беше придобивање на клиентите со Koleos кои бараат големо семејно возило, а несакаат MPV возило, туку нешто во тренд, односно членови од SUV сегментот. Имаа големи очекувања кои не беа исполнети.

Се навестуваше дека на Koleos не му оди добро откако исчезна од понудата на Renault во Велика Британија минатата година. Новите извештаи наведуваат дека овој теренец ќе преживее во Европа до средината на 2023 година, а потоа ќе биде отстранет од гамата.

Нема да има директен наследник, што значи дека Koleos и официјално останува во минатото. Вклучувајќи го и тој автомобил, Renault ќе пензионира дури пет модели за само две години. Огромен број и голема коцка, и ќе видиме за неколку години дали ќе се исплати…