Првиот електричен модел на германската марка веќе се покажа како сериозен комерцијален успех.

Во текот на првите три квартали од 2021 година, Porsche испорачал 28.640 единици Taycan, што го прави автомобилот трет најпродаван модел на германската премиум марка оваа година.

Taycan ги оставил зад себе легендарниот 911 со 27.972 регистрации, како и Panamera, која успеала да стигне до 20.275 клиенти во периодот од јануари до септември 2021 година. Конечно, Boxter и Cayman 718 заедно се продадени во вкупно 15.916 примероци.

Се разбира, на врвот на листата на најпродавани модели на Porsche се двата теренци. Во претходните девет месеци, најпопуларниот во гамата на брендот од Куфенхаузен бил Cayenne со близу 62.500 продадени возила, а потоа следи помладиот и помалиот Macan кој стигнал до 61.944 потрошувачи ширум светот.

Генерално, во текот на првите три квартали од оваа година, Porsche успеал да постигне раст на продажбата од 13%, што е доста импресивен податок, со оглед на пандемијата на корона вирус и придружната криза поврзана со недостатокот на полупроводници и микрочипови.

Што се однесува до самиот Taycan, Porsche успеа брзо да ја среди ситуацијата од средината на минатата година кога во јавноста се појавија наводи дека германската марка е незадоволна од бројот на нови нарачки за тој автомобил. Очигледно, додавањето на повеќе верзии во понудата ги охрабри клиентите да се заинтересираат за овој електричен модел.

Отпрвин, целта на Porsche беше Taycan да регистрира 30.000 регистрации годишно, а со објавените податоци, сосема е јасно дека споменатиот модел ќе успее да ги надмине посакуваните бројки.