Volkswagen најави прекин на производството на Golf R

Со оглед на скорешното доаѓање на Golf VIII, до крајот на годината, Volkswagen полека почнува да гаси одредени варијанти на „седмицата“ за 2020 година.

Ова значи дека следната година, таа ќе биде достапна само во Value Edition, која вклучува, како стандард, WiFi, keyless систем, грејачи на седиштата, панорамски покрив, 16-инчни алуминиумски тркала …

За разлика од Golf R, електричниот e-Golf и Golf GTI ќе продолжат да се продаваат во одредени пакети опрема.

Сепак, ова не значи крај на популарниот hot hatch, туку само дека веќе не е можно да се купи во форма на Golf од седма генерација. Следниот Golf R повторно ќе дојде со осмата генерација на најпопуларниот автомобил во Европа, а се шпекулира дека ќе развива 400 КС.

Покрај Golf R, во Volkswagen одлучиле за одредени пазари, на пример САД, повеќе да не го нудат и Golf во варијантите SportWagen и Alltrack.

Продажбата на Golf VIII започнува во почетокот на 2020 година.