Одложената ГН на Тајланд се префрла во почетокот на октомври

Коронавиросот направи предизвика уште една мутација, овојпат на календарот во MotoGP шампионатот.

Имено, откако тајландското ГП, кое требаше да се вози на 22 април, беше откажано поради опасност по здравјето и на тимовите и на фановите, официјално е објавено дека трката ќе се префрли во месец октомври (2-4.10.2020). Ова значи дека трката за ГН на Арагон ќе се пресели една недела порано (25-27 септември).

Трката во класата MotoGP која нема да се вози овој викенд во Катар нема да биде компензирана, што значи дека МotoGP сезоната ќе ја сочинуваат 19 трки, а сезоната во класите Moto2 и Moto3 вкупно 20 трки.